Утринско кафе со Антонио Стојановски: Ме мотивира што музиката ми ги плаќа сметките

Добивај вести на Viber

Мене денот ми почнува после 11 или 12 часот затоа што знаеме да заглавиме во студио до 4-5 сабајле. Обично кога ќе станам сакам првото кафе да го пијам сам затоа што најмногу инспирација за пишување песни имам тогаш со првото кафе и по можност да има сонце (хаха). 

Ме мотивира се што се случува околу мене. Ме мотивира јак резултат после добро завршена работа, ме мотивира полн клуб, љубовта од луѓето кои ја слушаат нашата музика и ме мотивира кога љубовта(музиката) ми ги плаќа сметките.

Во последно време дневните планови и обврски се зголемуваат и гледам да ми е испланиран секој ден однапред за да стигнам секаде на време, најчесто тоа се состаноци, интервјуа, фотосесија, снимање спот, настапи и така натаму.

Кога немаме настап најчесто вечерта ја поминувам во студио со добро друштво или некаде на вечера.

Обожавам да гледам серии, омилена ми е „VIKINGS", но во последно време многу ретко гледам филмови не ми дозволуваат обврските што ги имам. Книги немам многу прочитано да бидам искрен, но можам да ја издвојам „Моќта на потсвеста“ како книга што ми го задржала вниманието.

*Антонио Стојановски- Тони, дел од „Два Бона“