Утринско кафе со ... // Утринско кафе со ...
Утринско кафе со Асан Даутовиќ: Секој ден ми е борба со нови предизвици и секако шанса за напредок
Утринското будење ми е секогаш со шолја домашно варено кафе и единствените украдени моменти за себе.
Главен двигател и мотивација ми е да бидат секој ден се подобар. И верувам дека секој ден ни е шанса да научиме нешто ново.
Убавината и задоволството во мојата работа е тоа што ниеден ден не е сличен на претходниот. Секој ден ми е борба со нови предизвици и секако шанса за напредок.
Крајот од денот е секогаш резервиран за моите најблиски. Што подразбира дружење во комбинација со добра харна и вино.
Помеѓу филм и книга, секогаш би одбрал добар романтичен филм во друштво со сакана личност.
* Асан Даутовиќ - генерален менаџер на Austrian Palas хотел, Salse менаџер за цела Европа за десертите Della nonna (македонски производ) и PR менаџер на Здружението на готвачи на Македонија Гастромак*