Утринско кафе со Блаже Аризанов: Ме мотивира непознатото

Ќе биде ни непригодно ако речам дека не пијам кафе? Утрото го почнувам со самиот себе, првото нешто што го правам е да излезам надвор, да се надишам утрински воздух и да го поздравам сонцето. Веднаш после тоа користам ладно цедено кокосово масло наместо паста, за миење на устата и наместо кафе консумирам набрзина половина литар топла вода, една мала слатка тајна за одржување на здравјето на дигестивниот систем. За личност со динамичен животен стил дигестивното здравје е од огромна важност. 

Ме мотивира непознатото. Она што се уште не е направено. Шансата да бидам во можност да им помогнам на другите

Деновиве сум ангажиран околу промоцијата на моја прва книга „Белиот трофеј“, за бизнис патешествието на мојата стартап компанија во Индија која сега е милионска компанија. Неколку часа дневно работам на дневните предизвици и редоследот на активности кои треба да се реализираат во маркетинг одделот на мојата компанија. Ако тој ден не патувам некаде дефинитивно се почестувам со попладневна дремка. Наутро и навечер задолжително физичка активност вклучувајќи јога, фудбал, трчање или планинарење. 

Вечериве ми минуваат со мајка ми на која и правам друштво додека татко ми е отсутен на сезонска работа во странство. 

Хроничен зависник сум од читање и во таа активност инвестирам голем дел од своето време. Филмови гледам далеку поретко и сум мошне селективен околу тоа каков филм ќе изберам да гледам.


(Блаже Аризанов- писател)