Утринско кафе со Бојан Гиевски: Се трудам да најдам секојдневна мотивација во мали нешта!

Јас имам малку поинаков почеток на денот од стандардното будење со утринско кафе. Во фаза сум на менување на некои стари навики, пред се заради проектот кој го почнавме со мојот тренер Данчо Поповски, #Project90, така што утрото ми почнува со добра музика (тоа е она што прво го правам кога ќе отворам очи – пуштам музика), потоа пијам цеден лимон со млака вода и ги подготвувам оброците за денот. Првото утринско кафе го пијам на работа заедно со колегите некаде околу 9 часот. 


Сѐ ме мотивира! Се трудам да најдам секојдневна мотивација во мали нешта! Добро завршена работа, успешен проект, добар тренинг, музика, разговор со пријатели, насмеани луѓе, сонце и убаво време!


Во поглед на обврските, секој ден ми е различен, динамичен, исполнет од утро до вечер! Секогаш кога правам план за следниот ден никогаш не излегува по планот, освен претходно договорените состаноци кои ги имам. Најчесто излегуваат обврски во последен момент кој го реметат претходно направениот план. Она што со сигурно го знам е дека од 9 до 17 часот сум на работното место, од 19 часот ме чека тренинг со тренерот Данчо Попоски, а се друго измеѓу е трка со времето и завршување на сите обврски кои ги имам.


Денот ми завршува во релаксирана атмосфера, по напорниот тренинг. Ретко кога оставам обврски по тренинг. Сакам денот да го завршам во друштво на драги луѓе, пред се моето семејство, бидејќи тоа е единствениот дел од денот кога имаме време да се видиме и да си раскажеме како ни поминал денот. Знам денот да го завршам и во друштво на пријателите, но и со добар филм во добро друштво.

View this post on Instagram

A post shared by BOJAN GIEVSKI/ CONTENT CREATOR (@gievskibjn)




Да, често купувам книги и сакам да читам. За жал, секојдневните обврски не ми дозволуваат да читам секој ден, но сепак одвојувам време и за тоа. Тешко е да одберам филм или книга... може двете?! (се смее) 


*Бојан Гиевски - Магистер по економија/Инфлуенсер