Утринско кафе со Бојана Димчова: Она што го прави животот интересен е можноста да го оствариш својот сон

Омилениот дел од утрото секако ми е утринското кафе кое најчесто го пијам сама додека си го организирам денот и обврските кои ми претстојат.

Ме мотивираат позитивни и успешни луѓе, несекојдневни приказни со убав крај и секако најмногу ме мотивираат луѓето кои ме опкружуваат, моите пријатели и моето семејство. Моето мото е: Она што го прави животот интересен е можноста да го оствариш својот сон.

Јас сум студент, отсек Економија. Сега за сега сум фокусирана на испитите и студиите и дел од денот го поминувам во учење и следење на настава. Дополнително работам и сум дел од тимот на една фирма па се трудам сето ова да го избалансирам.

По работните обврски и учењето моето слободно време е исполнето со дружба со најблиските пријатели на кафе или коктел.

Зависи од расположението, понекогаш сакам да прочитам некоја добра книга, омилени ми се книгите за личен развој бидејќи добрите работи сакаат време, додека некогаш вечерта ми завршува релаксирано со филм или омилената серија.

*Бојана Димчова - инфлуенсерка