Утринско кафе со Д-р Нина Митева: Ме мотивира сонцето кое изгрева и ни дава живот

Како голем љубител на чај,утрото секогаш го започнувам со мојот утрински ритуал, голема шолја чај со мед и лимон, и гушкање со нашиот најнов член во семејството, кученцето Бела кое секојдневно ме потсетува колку малку е потребно де се биде среќен.

Кафе пијам едно на ден со моите колешки на работа.


Ме мотивира сонцето кое секое утро изгрева и ни дава живот, природата која е совршена и не повикува да не се оддалечуваме од неа, ме мотивира мојата ќерка која го обои мојот живот во најчудесни бои.Ме мотивираат насмевките на моите задоволни пациенти, ме мотивира искреноста кај луѓето, ме мотивира љубовта .......

Работните денови ми се исполнети со креирање насмевки на моите пациенти, а кога работата што ја работите ја сакате тогаш таа се претвора во вистинско уживање,а не во обврска. Слободното време се обидувам да го исполнам со пливање, тенис или пешачење бидејќи физичката активност е многу важна во нашата професија, како за телото така и за умот.


Бидејќи сум голем љубител на подготвување на храна, кога ќе се вратам дома ја приготвуваме вечерата целото семејство заедно и тоа всушност ме опушта и не зближува сите. Си прераскажуваме за настаните во текот на денот, а воедно внесуваме и љубов во храната што сметам дека е многу важно во ова динамично време кога светот некаде постојано брза.

Кога сум сама наутро додека другите спијат или за време на викенди и одмори книгата ми е првиот избор.


И многу често ми се случува да ми дојде во рака книга која во дадениот момент ми е најпотребна…Читам инспиративни книги и многу често им ги препорачувам на моите пријатели и пациенти.

Кога сме дома сите заедно изборот на филм го правиме така што ќе бидат задоволени интересите на сите и така најчесто заедно гледаме комедии.