Утринско кафе со Дана Стојкова: Среќна сум што имам работа во која секој ден е поинаков од другиот

Како мајка на близнаци од 14 месеци, мојот одговор од пред година и пол и сега, драстично се разликува. Порано имав време на раат да го испијам првото кафе со овошје и да вежбам пред да одам на работа. Сега и сама се изненадувам колку време сум имала за себе во утринските часови! Кога ќе се разбудат децата, што некогаш значи и 5 часот наутро - почнува забавата. Дури тие си играат, јас цедам сок од портокал за нив и мене. Кога ќе дојде дадилката, веќе започнуваме со поделба на обврски, па дури го приготвувам нивниот појадок, варам и кафе за нас. Пиењето кафе се одвива во паузите дури ги храниме децата, со по некој залак овошје.

Ме мотивира кога ќе видам дека тоа што сум го сработила дало резултат. Како жена која има 18 години искуство во продажба и маркетинг, од кои веќе 15 години во AVON, кога ќе видам подобрување во бизнис индикаторите кои се во директна корелација со мојот труд, тоа ми дава елан за понатаму. Втора работа која значитено ме движи е пронаоѓањето и развојот на таленти. За мене е исклучително инспиративно да пронајдеш луѓе кои сакаат и се желни некој да вложи време и знаење во нив. Кога ќе дојдат до стадиум самостојно да продуцираат солидни резултати - е тогаш знам колку многу се исплател ангажманот.

И, со ризик да звучи како клише – моите синови ме инспирираат во континуитет – кога ќе видам како брзо развиваат нови знаења и вештини, како брзо присвојуваат нови движења, станувам свесна што значи комплетно да се предадеш и посветиш за да развиеш нормални деца.

Среќна сум што имам работа во која секој ден е поинаков од другиот. Има денови кои ги минувам на краткорочно или долгорочно планирање со другите оддели, други се посветени на теренска работа со луѓе, за да проверам колку поддршката и тренингот што сме ја изготвиле навистина функционира во насока на испорака на резултати. Трети пак, се наменети за проследување на активности со мојот тим или со одделите со кои сорабоотувам. Има и денови кои се посветени на ПР активности и големи настани наменети за запознавањето на нашите клиенти со новитетите кои ги имаме во AVON.

Во текот на работната недела откако ќе заспијат децата, најчесто седнувам на лаптоп да дозавршам работни обврски кои ми преостанале во текот на „жонглирањето” со обврските околу близнаците. Сега веќе 1- 2 пати во неделата се наоѓа време и да погледам филм или серија со мојот сопруг. Конечно почна 8-мата сезона на „Game of Thrones“, па понеделник навечер ни е резервиран за неа.

Книгите ми се голема пасија, и тоа различни типови. Трилерите на Даниел Силва знаат да бидат прв избор секогаш кога ќе налетам на ново издание. Ме восхитува посветеноста на агентите на Мосад во работата во служба на татковината. Софи Кинсела ми е драга авторка на „girly“ книги кои изобилуваат со спонтаност и хумор. Исто така, последниот месец пред да се породам налетав на книги од младата блогерката Зое Сјуг, што за мене отвори нов прозорец кон светот на младите од 15-25 години и за фактот дека огромно влијание за нивниот развој во најчувствителите годинии маат токму социјалните мрежи. Сепак, временската лимитираност во овој момеент се уште не ми овозможува уживање во пишаниот збор онолку колку што навистина би сакала.


(Дана Стојкова -Национален менаџер за продажба во AVON Македонија и трикратен носител на титулата „World Sales Leader“)

* Стојкова е облечена во новата колекција на „Bella“