Утринско кафе со Дарко Марковски: Музиката е моја животна пасија

Иако е нездрав начин на расонување, мојот ден започнува и се будам со телефонот во раце (не сум горд на ова хаха). Во принцип ако сакам навистина да уживам во кафето, особено кога станува збор за утринското кафе сакам да го пијам исклучиво сам, не дека ми пречи со некого да го пијам, ама преферирам сам.

Општо во животот се трудам да се самомотивирам, меѓутоа ако запне некаде нормално мотивација ми е брат ми кој е повозрасен од мене пет години или пак се мотивирам од успешни луѓе со вистинити и тешки животни приказни.

Покрај тоа што работам во поголемиот дел  од денот во туристичката агенција “Фибула Травел“ како туристички работник, гледам секое слободно време да го искористам продуктивно, без разлика дали тоа е физичка активност или пак психичка (умствена). Секако ниту еден ден не ми поминува без музика која е мојата животна пасија, дали со слободно пеење по дома или пак со приватни часови по соло пеење.

Денот ми завршува во кругот на семејството со разменување на дневните случувања а некогаш знае и да ми заврши пред да почне следниот- со моите блиски пријатели излезени некаде на убав „провод“.

Сакам и да читам, а и да гледам добри препорачани филмови, двата типа на активности ме опуштаат на свој начин.

* Дарко Марковски, туристички водич во „Фибула Травел“