Утринско кафе со Џокси: Мерак ми е да пијам кафе со моите комшивки
Денот ниту знам кога почнува, ниту утрото кога завршува, а кафе пијам со првата комшика која ќе излезе по млеко. Сите ми се срцки, која од која поубава, а разговетни, што да ви кажам, не озборувачки, баш она, да ти е мерак да ги слушаш, гледаш и пиеш кафе.
Ме мотивира сѐ она што е
околу нас може да биде мотивирачко, но и демотивирачко, затоа се мотивирам за
она што сум наумил да работам.
Во
последно време временските зони кај мене немаат значење, а со тоа и обврските
си добија свој распоред.
Денот ми завршува многу
болно. Треба да се видиш со најблиските, а очите ти се на пола копје. Со едното
око ѕиркаш, а со другото мижиш.
Кој
не сака да прочита книга или да погледне филм? Ама ајде да те видам најди време. Последната книга што сум ја прочитал
е „Ноќ во Бомбај“ од Луи Бромфилд и тоа пред 30 години кога живеев сам, никој
не те тормози, море, пријатели, жени... Не дека и тогаш немало проблеми, туку
не си размислувал за сметки, кредити... Сега живееме во стресно време, и да
загледам филм, паметот ќе ми биде на друга страна.
(Џина Папас- Џокси- музичар)