Утринско кафе со Елена Каровска: Во утрото сум апсолутно вљубена

Денот секогаш ми почнува со искрена насмевка. Утрото е дел од денот во кој сум апсолутно вљубена. Дозволувам првите сончеви зраци да допрат целосно до мене и моето утринско кафе придружено со добра книга. Денот задолжително ми почнува со позитивна мисла и со истата отварам врата за нови можности. Никогаш не заборавам веднаш штом ги отворам очите да се заблагодарам за се' што имам и цврсто да ги повторам моите крајно зацртани цели.

Со оглед на далечината, пред да започнам со секојдневните обврски никогаш не заборавам да посакам убав ден на моето семејство и да ја споделам љубовта која ја чувствувам кон нив.

Најмногу ме мотивира моето мото секој нов ден да бидам се' подобра личност и со истото да ги мотивирм и останатите да ја имаат истата волја. Дополнително ме мотивира целосната поддршка и љубов од родителите и мојата сестра, кои се трудам да ги направам горди што ме имаат секој ден се' повеќе.

Во целост сакам да ја оправдам довербата дадена од мојот Универзитет, од IPARD агенцијата, од Здружение на жени менаџери ЕЛИТ, Saudia Arabia Airlines и секако од секоја личност од досегашното мое искуство која ми дава поддршка и целосно ги оправдува моите постапки и избори. Денес цврсто стојам зад мојата последна одлука - да сум дел од тимот на Saudia Arabia Airlines.

Чувствувам дополнителна исполнетост и мотивација во можноста да ги споделам моите знаења од областа на правото и авијацијата, како и можноста да ја споделам мојата позитивност и насмевка со милиони останати. 

Последните три месеци, денот ми минуваше на Prince sultan aviation academy во Jeddah, Саудиска Арабија. Целосно бев посветена на обемната материја од областа на авијацијата која бара максимална концентрација и фокус. Ја имав честа на Graduation Ceremony на 01.05.2019 да ја примам наградата од менаџментот Best of Best за која ветив дека во целост ќе ја оправдам почнувајќи од првиот лет.

Во меѓувреме никогаш не заборавам да ги прочитам последните updates од мојата првично избрана професија - Казнено право. Среќна сум што имам можност да комбинирам право и авијација, област која, лично за мене, претставува нов предизвик во сосема нова држава.

На крајот од денот никогаш не заборавам да си повторам колку сум среќна што сум опкружена со луѓе кои ми даваат енормна љубов и поддршка за секој мој изминат пат. Апсолутно одвојувам време да прочитам за проектите на UNICEF кој го гледам како моја крајна зацртана цел. Сакам да ги споделам поминатите дневни предизвици со моите најблиски и секако со самата себе. Само така можам да согледам колку продуктивен и добар ми бил денот и што можам да поправам за следниот да ми биде уште подобар.

Во слободното време најпрво одвојувам време за книга. Обожавам да читам литература од разни области. Така најдобро го надоградувам својот речник, своите погледи кон светот и најважно од се', се надоградувам себеси како личност. 

Сакам да читам во мојата confort зона, со добро кафе или чај и во апсолутна тишина. Моментално мојот избор е Troy и со задоволство ја препорачувам на секој кој го обзема читањето на историски романи.

* Елена Каровска, м-р по казнено право