Утринско кафе со Елена Михајлоска: Ме мотивираат луѓе кои не живеат во зоната на комфорот

По природа сум „morning person” така што утрата ми се најпродуктивниот дел од денот. Секогаш кога имам задача која вклучува креативно размислување се зафаќам со тоа на самиот почеток од денот. Не сум зависник од кафе, но првото утринско кафе е задолжително.

Кога некој ќе ме праша што работам, велам раскажувам приказни. Но, тоа најчесто не се лично мои приказни, туку за луѓето со кои работам и за софтверот што тие ги креираат. Па така, голем дел од мојот ден го поминувам во комуникација со колегите, со медиуми, локални и глобални (кои го покриваат „iGaming“ пазарот каде и „Singular“ оперира), подготовка на ПР текстови и други корпоративни содржини, надгледување на социјалните медиуми и сл. 

Попладнето ми е резервирано за јога, а во вечерните часови се трудам да не влегувам во рутина. 

Театар/кино или дружба со пријатели ми се омилен избор, но морам да признаам дека уживам и да останам дома со добра книга. Ме мотивираат луѓе кои не живеат во зоната на комфорот. 

Сакам книги кои даваат различна перспектива, книги кои обработуваат некоја социолошка тема. Истото важи и за филмовите. Во моментов ја читам „Sapiens“ од Yuval Noah Harari која дава различен поглед за човештвото и неговиот развој. 

(Елена Михајлоска- маркетинг директор во „Singular“)