Утринско кафе со Гоце Мамучевски: Моја секојдневна цел е да му помогнам на некого и да научам нешто ново

Денот ми почнува рано, пред да се разбуди околината. Прво нешто што правам се активирам. Правам интензивни вежби за тело, како би ја забрзал циркулацијата на крвта. Тоа ме буди и ми дава енергија. После тоа пишувам цели за денот и визуелизирам како би сакал да ми се одвива целиот ден. Додека го правам тоа пијам една популарна напивка, алое во комбинација со чај. И после личниот дневник, се полнам со позитивни информации од книги, видеа, а понекогаш и само музика.


Ме мотивираат моите цели во животот. Од секогаш сум знаел што сакам да имам во животот, на кој начин сакам да живеам и точно тоа ми е мотивацијата. Од тука ја црпам сета инспирација и енергија.

View this post on Instagram

A post shared by GOCE Impact Nutrition (@mamuchevski24)



 Моите дневни планови и обврски. Имам една секојдневна цел, а тоа е да му помогнам на некого денес и да научам нешто ново. Сите планови и обврски се вртат околу тоа. 


Денот ми завршува со опуштање во тивка атмосфера, со мојата сопруга и нашето кученце. Јадеме здрава избалансирана вечера, правиме ретроспектива на денот и го планираме следниот ден со некои обврски што останале недовршени.


Да, сакам да читам, во последно време повеќе, а исто така и сакам да гледам филмови. Додуша сите убави ми се изгледани, така што, нема што да гледам, а на серии не сум некој фан. 

Гоце Мамучевски - Личен велнес тренер/советник/ Дипломиран машинкси инженер