Утринско кафе со Горан Божиновски: Се будам со ентузијазам секој ден

Ја имам таа среќа и задовоство да си ја сакам професијата и компанијата во која работам, така да за мене станувањето наутро секогаш е песна. Се будам со ентузијазам за тековниот ден, обично околку 6:30 наутро, а првото кафе (прво од многуте во текот на денот) обично го пијам сам, штом пристигнам на работното место.Тој ритуал ми оди одлично со подготвување на обврските за тековниот работен ден.

Работата во продажба и водење продажен тим не дава многу простор за експерименти, главниот фокус е одржување на состаноци. Работниот ден ми се состои во одржување на координативни состаноци со колегите, каде се разговара за план и акција за остварување на дневните цели и одржување на состаноци со нашите ценети клиенти и потенцијални клиенти.

Работата најмногу си ја сакам, затоа што ми дава шанса и можност да ги инспирирам и мотивирам моите колеги да си ги остварат своите професионални желби, цели и планови. Како лидер на група луѓе, најмогу ме мотивира нивнот професионален развој и напредок, заедничкото надминување и пребродување на тековни предизвици.Дополнително ме мотивира успешна соработка со клиенти, нивното задоволство од помошта што има ја даваме и од проблемите што им ги решаваме. 

Успешна приказна: Зошто е добро да сте дел од Croatia осигурување/живот?

По завршување на професионалните обврски, обично се посветувам на девојката, семејството и пријателите. Кафуле или ресторан зачинет со добар пијалок. Хедонист сум по природа, сакам да уживам во сите убави работи, затоа филм, музика и спорт се составен дел од денот. Читам книги, но исклучиво поврзани со мојата професија и книги кои ми дават насоки за личен напредок и развој. Јас верувам во поговорката дека човекот учи додека е жив и дека во ова динамично време во кое живееме, мораме постојано да се надградуваме за да може да стигнеме до успехот.

За сите читатели на „Женски магазин“ кои почнуваат во продажбата или пак имаат желба за личен развој и напредок, задолжително препорачувам да ги читаат, слушаат и гледаат Џефри Гитомер, Брајан Трејси, Дејл Карнеги, Наполеон Хил, Стивен Р.Ковеј и многу други со сличен мајндсет на нивниот.

Ekselcior е паролата на сега веќе починатиот писател на Марвел стиповите, која со тек на време и јас ја присвоив. Мојата мантра инспирирана од Стен Ли е секогаш гледајте напред, секогаш бидете најдобра верзија од себе, никогаш не се откажувајте и успехот ќе дојде со тек на време! Секогаш напред, секогаш најдобар - Excelsior!

* Горан Божиновски, Директор на Бизнис продажба во Croatia осигурување/живот