Утринско кафе со Горан Папаз: Секојдневно ме мотивира син ми
Секој
ден ми започнува различно, најчесто утринското кафе го пијам на работа пред да
почне наставата. За среќа имам одлични колеги со кои утринското кафе е
вистинско уживање.
По завршувањето на работните обврски, поминувам време со фамилијата, свирам по неколку часови секој ден. Пчеларењето ми станува сериозно хоби последниве две години и кога имам време го посетувам пчеларникот.
Секојдневно ме мотивира син ми, и тоа е прашање на кое ќе имам ист одговор цел живот.
Денот
ми завршува како и на секој млад човек, брзо „прелистување” по социјалните мрежи, краток план и организација
за утрешниот ден, и сонот доаѓа.
Сакам книги
повеќе од филм. Во последно време трилерите ми се хит, иако не ме прашавте, ќе ви кажам која
книга ја прочитав последно, „Fahrenheit 451” - Ray Bradbury. Топло ја препорачувам.