Утринско кафе со Горјан Стојановски: Ме мотивира детската искреност

Денот го започнувам со лажица мед,смути од најразлични овошки и зеленчуци и една рака бадеми и лешници,чекам пола саат, па појадувам.Може не ви звучи вистинито кафеански човек да се храни така здраво, но вистина е. Со вакво темпо на живот морам да си го одржувам имунитетот и енергијата.Потоа одам на работа и на првата пауза го пијам „утринското кафе“ со колегите од Македонската Опера и Балет,тоа е во 12 чaсот.


Во последно време највеќе енергија и посветувам на ќерка ми,па така црпнувам малце од детската искреност и имагинација што се доволен мотив за човек со мојата професија да искреира нешто ново и убаво. Лани околу Нова Година во недостиг на Македонски новогодишни песни,напишав новогодишна песна и ја дадов на Сара Мејс да ја отпее, а ја посветив баш на мојата ќерка Лаура.


Вработен сум во МОБ како виолинист во оркестарот, водам ресторан кој се наоѓа во Дебармаало и се вика „Дада“, свирам свадби, свирки и најразлични прослави со грпата „Скопски Боеми“ и имам студио за снимање музика така да… Тоа што може да ми се случи во еден ден, на некои не им се случува за еден месец.

Договараме најразлични прослави како за групата така и за во ресторанот,примам резервации преку цела недела и смислувам маркетинг стратегија,паралелно имам по некоја нарачка за нова песна или се отвора конкурс за некој фестивал па не можам да одолеам:).  Мора да се стигне секаде,бар додека сме млади. 


До пред некое време 3-4дена од неделата одев на свирки,откако земав кафеана свирките ги намалив, меѓутоа седењетово кафеана не. Напротив. На свој терен, па најчесто со пријатели,роднини,колеги и секоја вечер различно се завршува така да …убава е живејачката. 

За нас музичарите викенд денови се понеделник и вторник:). Тогаш имам време да си поседам со фамилија,па да си изгледаме филмче со пуканки или да прочитаме некоја приказна пред спиење,ништо посериозно, нешто со „си живееа среќно до крајот на животот“ за мирно да си заспиеме:)

* Горјан Стојановски, виолинист во МОБ, во групата „Скопски боеми“ и композитор