Утринско кафе со Гуру Харе: Со сопругата пешачиме секој ден

Првото утринско кафе го пијам со себе, за да си дојдам на себе (се смее). Второто,најчесто во друштво. Деновите ми се секогаш различни, во зависност од тоа какви обврски имам. Од оние секојдневните кои сите ги имаме, па до оние професионалните како договарање концерти, проби, снимање нови песни, компонирање..

Ме мотивира животот и љубовта кон музиката и ближните. Во последно време деновите ми завршуваат со вечерни настапи, сега е концертна сезона. Инаку со сопругата одиме на прошетка на кеј или во некое лабаво кафуле на пијалок. Понекогаш дружба со пријатели и така секој ден (се смее).

Искрено, повеќе сакам да читам бидејки филмови по мој вкус има ретко. Сѐ уште сакам да читам книги и тоа не електронски, туку онака по старски со превиткување страници. Баш сега ја прочитав автобиографијата на Боб Дилан и уживав.

* Игор Атанасоски, музичар и автор