Утринско кафе со Хелена Антевска: Ме мотивираат успешни и среќни, а многу едноставни луѓе

Ја обожувам мојата утринска рутина, ме полни со позитивна енергија, ме инспирира а со тоа ми го диктира и расположението и темпото за остатокот од денот. Се будам рано и брзам да го приготвам моето кафе кое го пијам со моето кученце и маче, моето омилено друштво за расонување. Љубовта и радоста која ја добивам од моите миленици, тивката музика во заднина и исклучениот телефон ми создаваат хармонија која ми овозможува да ги следам моите цели и моите соништа со јасен ум, виталност на телото и ентузијазам на духот.


Ме мотивира секоја успешно завршена работа и обврска која сум ја имала на дневната агенда, ме мотивираат успешни и среќни, а многу едноставни луѓе со кои секогаш сакам да испијам кафе да и да разговарам.

Моите дневни планови и обврски се испланирани претходниот ден, ретко се случува да се создаде неочекувана ситуација, секогаш си имам план и редослед на текот на настаните.


Најчесто работам маркетинг кампањи како онаа на која работам во моментов за нашиот нов производ, органската козја сурутка од К-Фарм. Подготовките околу маркетинг кампањата се мојот омилен дел, особено за оваа за сурутката бидејќи станува збор за продажба на исклучително здрав производ кои има безброј бенефити.

После работа имам време да дојдам дома, да спремам ранец и одма се упатувам во сала на Full body aerobic тренинг. Се занимавам и професионално со овој спорт како инструкторка. Благодарение на мојата долгогодишна професорка, инструкторка, а воедно и пријателка Марина Стоилкова Симеонова станувам се подобра во тоа што го работам. Тренингот содржи интензивни аеробни и анаеробни вежби за цело тело.


Денот го завршувам дома, повторно со моите миленици и со мојот сопруг, најчесто седнати на тросед во дневна разговарајќи за тоа како ни поминал денот или гледајќи некоја добра странска серија. Без разлика колку сум уморна, секогаш сум расположена и сакам да изгледаме некоја добра драма или мистерија со еден тон пуканки околу мене.


*Хелена Антевска-  Менаџер на К-ФАРМ - Скопје