Утринско кафе со Ивона Јовановиќ: Имам контрола врз денот и гледам да не пропуштам ништо

Јас мојот ден го почнувам со шолја зелен чај наместо кафе. Го пијам сама со придружба на добар џез, додека го подготвувам појадокот. Секое сабајле вежбам така што денот на Ивона почнува многу рано, но квалитетно. 

Ме мотивира големината на моите соништа и целта која ја имам поставено. Секојдневно патувам до Скопје за да можам да ја посетувам „Фигурела“ каде што вежбам.

После завршувањето на вежби се подготвувам и ги извршувам обврските кои ги имам испланирано за тој ден.

Тие најчесто се поврзани со музика, одење на проби со бенд, свирење добра музика и дружење. Секако плановите ги кројам од викенд за цела недела натака. Така имам контрола врз денот и гледам да не пропуштам ништо. 

Денот го завршувам со читање добра книга, пиење на чај со мајка ми и одење рано во кревет. 

(Ивона Јовановиќ- пејачка и „јутуберка“)