Утринско кафе со Јана Стојановска: Секој ден е доживување, само треба да го фатите бранот

Денот ми понува со гушкање. Обично Катја, мојот верен пес, ме буди со највеселата радост на светот. Се разбудила, како којзнае што да се случило (се смее). Потоа следува кафе со мед во двор, мојата мала зоолошка градина. Имам неколку гаврани што ги хранам, една комшиска мачка што ја викам Ружа, иако неодамна разбрав дека се вика Руфи, две гугутки и една чудна оса што живее во вратата што гледа во дворот.

Ние глумците имаме работно време како училиштата. Ако работам нешто, сѐе испланирано во интерес на пробите или претставата. А ако немам ништо, тогаш тука е клавирот, па што излезе од тоа. Секој ден ти дава доживување, само треба да го фатиш бранот. Немам други дневни рутини.

Ме мотивираат луѓе што се лесни, разбрани и со отворени видици кон светот, кон животот.. Луѓе покрај кои се чувствуваш слободен и свој каков и да си. Луѓе со животна филозофија „сѐ е дозволено се додека не се повредуваме себеси и други“. Луѓе што не се обесхрабруваат од неуспеси и се радуваат на туѓи успеси. Е, тоа ме мотивира.. Луѓето, ама кога се такви.

Денот обично завршува со филм или серија. Последна што ме воодушеви е Peaky Blinders. ФилмотMother еремек дело. Книги нешто не читам веќе неколку години. И немам грижа на совест во однос на тоа.

* Јана Стојановска, актерка