Утринско кафе со Јасна Лековска: Ме мотивираат моите клиенти

Утринското кафе овој период за мене почнува многу рано и го пијам со мојата ќерка Лиа, ова е всушност единствениот период од денот каде што вистински можам бар 1 час да се сконцентрирам и да се организирам за обврските во претстојниот ден.


Ме мотивира кога некој ќе праша кога ќе отворите група во 7часот сабајле, ме мотивира кога во 9 часот во Тринити без оглед на временските услови ќе видам полна група дечки, девојки, колегите инструктори, партнерката Катерина сите насмеани и расположени за одработување на тренинг, ме мотивираат моите клиенти Виталиа, Obag, Polleo Sport, Хипербаричниот центар за кислородни третмани, Miss En, Womensecret со кои соработувам периодов да сме што е можно покреативни, подостапни за нашите вежбачи.


Утрото кај мене е резервирано за часови по Пилатес во Тринити, кои се буквално секој ден во 9 и 10 часот и започнува со појадок кој едно време беше смути, но сега со синчето Јан комплетно се навлековме на чија пудингот кој го подготвувам од вечер, наш омилен вкус овој период е млеко од ориз и бадем со јагоди, малини, банана и цимет.


Пладнето е резервирано за дружење со целата фамилија, го поминуваме задолжително во игра, сега ни е актуелно играњето карти, меморија, монопол, не лути се човече.


За жал сега си легнувам веќе во 8 часот, па овој период книгата, филмот и сериите се ставени на пауза за мене и заменети со подготовка на здрава вечера и здрав десерт во кој уживаме секојдневно со мојата фамилија. Сите што ме следат на Инстаграм имаат можност да ѕирнат во овие интересни специјалитети.