Утринско кафе со Јова Радевска: Денот понекогаш и не завршува

Денот најчесто го започнувам со музика, снегулки и со овошје. Кафето никогаш не стана дел од моето мени за пијалаци и водата и свежиот џус дефинитивно се на мојата топ листа.

Обврските ми зависат од денот. Може цел ден да работам на снимање во студио или да подготвувам вокали во програмата Logic. Некои денови се одделуваат за комплетирање на мојот нов музички проект, а исто така одвојувам време и за физичко вежбање барем три пати во неделата. 

Ме мотивираат зборови, адреналин, песни, приказни, цели, сонови..

Денот понекогаш и не завршува, се претвора во друг ден (се смее). Зависно од тоа какви рокови имам. Сакам вечерта да ја поминувам со најблиските, со пријатели, но често знам да работам и до раните утрински часови.

Задоволство ми претставува да изгледам исклучително добар и квалитетен филм, од калибарот на „Мистична река“ на пример, иако тоа го правам поретко. Уживам да читам и книги кои ми ги прошируваат хоризонтите, како на пример Outliers на Малком Гладвел.

* Јова Радевска, музичар и автор