Утринско кафе со Калина Чоковска: Мотивација може да ми биде сѐ

Почетокот на денот зависно од обврските, начелно ми започнува со подготовка на децата за во градинка, со мал појадок набрзинка…Првото кафе го пијам со колегите во Орбико, каде ги планираме тековните обврски. Утрата ми се прилично брзи и бучни , за разлика од остатокот од денот.

Мотивација може да ми биде сѐ, се зависи од нас и тоа како го перципираме животот. Мотивација може да биде добро завршена работа, среќата на моите деца и сопругот, пиење на кафе со пријателите, убав сончев ден…верувам во самомотивирање и едноставно да бидеш здрав, жив и среќен; тоа е доволно за мотивација!


Секој ден е различен во зависност од обврските; спроведување на целокупниот маркетинг план, извештаи за продажба, лансирање на новитети, комуникација со клиенти…се на се многу креативна и интересна работа. Станува збор за премиум брендови кои се лидери во високата класа на козметички пазар; тоа претставува голема одговорност и предизвик, но и постојана „борба“ да се остане на лидерската позиција на пазарот.

Попладневните часови ги поминувам заедно со семејството; најчесто е играње со децата во двор со кучето Атос, средба со пријателите, битно е да сме надвор .


Многу сакам книги и добар филм, како и серијали, вообичаено вечерта ми е резервирана за филм. Го обожавам Роберто Бенињи и неговите филмови, серијалот Dr. House, како и легендарните „Star trek“ и „Star Wars“, кои можам да ги гледам по милион пати  Тие ме релаксираат и ми даваат надеж да верувам дека навистина можеме да направиме подобро место на живеење ако повеќе се почитуваме.

Искрена ќе бидам последнава година времето ми е ограничено…можам јас да напишам роман за читање  но имам во план книги од моите омилени автори Венко Андоновски и Петре М. Андреевски, како и Perl Buck.