Утринско кафе со Катарина Ивановска: Ме мотивира Вања

Денот ми почнува со мојот син Вања. Се будиме и двајцата во 7 и тргнуваме во акција. Приготвување на млеко, а потоа се пушта музика, зошто Вања е весело бебе и сака да игра. Првото кафе најчесто го пијам со мојот партнер, дома, пред да замине на работа.


Ме мотивира Вања, ме мотивира секое ново утро, а од неодамна почнав со работа која ме мотивира и исполнува.


Секој ден вежбам од 10 до 11 часот. Тој час е само за мене. На пладне започнува долга прошетка со Вања во парк. Во 18ч сме веќе дома и продолжуваме со игра. Откако ќе заспие и јас уморна и често во исто време заспиваме. Но, има и денови кога со другарките одиме на вечера или во кино или во театар.


Сакам да читам и да гледам добар филм. Сега помалку време имам и за двете работи. Моментално ја читам „Игра на стаклените монистра“ од Херман Хесе.