Утринско кафе со ... // Утринско кафе со ...
Утринско кафе со Катерина Брезeва: Со ќерка ми се будиме, пееме и создаваме нова музика
Првото утринско кафе го пијам со мојот сопруг разговарајќи за претходниот ден најчесто впечатоци од изминатата свирка.
Она што ме мотивира сега е мојата Ана. Таа е најголемата мотивација во нашиот живот.
Се неа се будиме заедно, пееме и создаваме нова музика. Денот ни поминува со повеќе обврски околку нејзе. Бидејќи за време на викендите таа не е со нас, затоа преку неделата целото време сакам да ѝ го посветам на неа.
Прошетките ни се задолжителни а сега летниот период и капење во Велешко езеро бидејки сите тројца сме љубители на вода.
Навечер секако дека сакам да изгледам некој добар филм, но искрено во последно време ретко имам време за тоа.
*Катерина Брезева - Пејачка