Утринско кафе со Катерина Шапкова-Коцевска: Сила ми дава желбата да бидам жена и мајка за пример

Утринското кафе е традиција во нашиот дом. Денот задолжително ми почнува со шолја „турско“ кафе и разговор со мојот сопруг. 

Најголем мотив и инспирација ми создава љубовта кон моето семејство. Откако се роди нашата ќеркичка Евгенија, посебна сила ми дава желбата да бидам жена и мајка која ќе ѝ служи за пример. Мене ме води желбата секој ден бидам подобра од претходниот.

Во последните три месеци уживам во мајчинството. Најголем дел од дневните планови и обврски ми се поврзани со грижата за мојата ќерка. Меѓутоа се трудам секој ден да завршам барем една професионална обврска, како на пример да напишам барем една страна од трудовите на кои работам или едноставно да прочитам некоја новина поврзана со мојата работа. Јас верувам дека жената има должност да биде успешен професионалец и посветена мајка во исто време. Секако, благодарна сум за огромната поддршка и разбирање од страна на мојот сопруг, но и несебичната помош од нашите родители.

Деновите ми се долги, динамични, исполнети со многу обврски и активности. На крајот на денот често пати се чувствувам преморена, но исполнета и среќна, благодарна за добрите нешта во мојот живот. Јас заспивам со насмевка на лицето. 

Се разбира. Уживам во добра книга или добар филм.  И покрај тоа што по раѓањето на Евгенија времето што вообичаено го издвојував за овие активности ми е значително скусено, сепак, секој слободен момент го искористувам да прочитам нешто. Едноставно, зависна сум од тоа. Обожавам и филмови, иако во последно време претпрочитам серии. „Три билборди надвор од Ебинг, Мисури“ и македонскиот „Џган“ се последни филмови кои успеав да ги изгледам во целост и кои ми оставија посебен впечаток.

( Катерина Шапкова-Коцевска , професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“- Скопје)