Утринско кафе со Катерина Тодевска- Спасиќ: Какви ти се мислите, таков ти е животот

Кога водев утринска програма која стартуваше во седум а на работа требаше да се биде во некоја минута пред шест, тогаш станував во четири ипол и пиев кафе сама со последните подготовки за утрото кое носеше многу интервјуа во еден ден. Сега кога имаме попладневна отворена програма, пијам кафе најчесто сама ама само во првиот период на утрото, а потоа ми се придружуваат мојот Далибор и мојата Јана. Тука е и нашиот Амор, како јас го викам дете со влакна...Морам да признаам, ниту еден ден не е ист.

За убав ден секогаш има многу мотивации. Не дека некој од нас нема проблеми. Јас искрено верувам дека какви ти се мислите таков ти е животот. Затоа само мудро во грабење на секој нов ден. Нема друго. Па, имам доста обврски. Од осмислување на секоја нова емисија до барање на гости, подготовка за секоја област за разговор одделно, до исцрпување, само да се следи Јана и сите нејзини желби. Ама пусто среќна сум кога и угодувам и на Јана и на тато Далибор. Со најважните. Си оние со кои ми е најубаво. Со моето семејство. Тешко е да се опише кога еден гледа фудбал, друг прави гимнастики и игра џез балет а трет пишува прашања за утрешната емисија, а меѓу нозе е и Амор кој бара љубов и гушкање.. Воопшто не е здодевно.

За добар филм и добра книга секогаш има време. Дознав дека мојот омилен автор Калеб Хусеини има роман кој не сум го прочитала, но најдов начин додека не го најдам на македонски можам да го читам на телефон. „Илјада неверојатни сонца“ и „Летач на змејови“ се одлични и топло ги препорачувам. А што де однедува до филмови тука води мојот Далибор. Тој гледа мноогу. Филмови се гледале и по цела ноќ. Негов омилен жанр се хорор филмовите но и интетесни акции, а јас многу сакам добра крими приказна, а сакам и шведски филмови. Имаат одлични филмови кои се до болка реални.