Утринско кафе со Кире Мирчовски: Се смеам колку можам повеќе и слушам многу музика

Имам одреден ритуал кој подолг период наназад го практикувам. Иако почетокот ми беше тежок, останав доследен на идејата и сега се чувствувам прекрасно. Станувам во 5 часот, се истегнувам убаво и уживам во Sungazing или во буквален превод „зјапање“ во сонцето. Првото утринско кафе скоро секогаш го пијам сам. Уживам во мирот и во магијата на утрото, бидејќи тоа е периодот од денот кога ми се случува да поверувам во минимум 5-6 „невозможни“ работи (се смее).

Во текот на денот вежбам гитара, развивам одредена техника или кога сум покреативен работам на идејата.. Почнувам полека да учам и продукција. Моментално сум фокусиран и опседнат со „Insanus“. Тоа е мој соло проект кој се’ уште не знам во која форма ќе излезе како финален продук од причина што го работам со многу внимание, љубов и се’ додека имам наплив на идеи ќе снимам без форсирање. Плус на ова кога ќе го додадам и присуството на Дамир, лабаво! (се смее). На страна од музиката, работам и маркетинг, вежбам Wing Chun Kung Fu, ја сакам природата и животните, се смеам колку можам повеќе и слушам многу музика. 

Ме мотивира секој нов ден. Можноста да свирам гитара, да правам музика. Можноста секој ден да учам и да се трудам да бидам што подобар човек пред се’, а потоа музичар и гитарист.  Мотивација ми се и моите две прекрасни сестри Љупка и Нена, моите внуци. Моите искрени „кунг фу“ пријатели, мојот ментор, инзвонреден музичар, гитарист и човек  Дамир Пух. И сите луѓе од кои учам како треба и како не.

Денот најцхесто ми заврсхува со тренинг, па заспивам многу полесно и мирно. И не отстапувам од тоа. Единствено има промена ако имам некој настап, бидејќи има и периоди кога сум дел од некои други музички проекти. Вечерта ја минувам сам, доколку во текот на денот сум имал прилика да бидам во круг на луѓе и зависно од тоа колку ми бучи главата. Во спротивно знам и да се подружам (се смее).  

Читам доста. Со сигурност можам да кажам дека после опрема за свирење најмногу пари  давам на книги. Имам многу книги дома. И на периоди сум фан на одредени жанрови. Многу поретко гледам филмови. Имам одгледано неколку серии и искрено се чудам и самиот како успеав (се смее).

* Кире Мирчовски, музичар