Утринско кафе со ... // Утринско кафе со ...
Утринско кафе со Киро Стојов: Денеска се ретки хуманите луѓе
Денот секогаш ми започнува различно, зависно од расположението. Најпрво правам план за претстојниот ден, а потоа сѐ останато. Првото утринско кафе го пијам со колегите од работа.
Моите дневни планови се секогаш различни. Некогаш тоа е прошетка, некогаш
возење велосипед.
Мотивацијата може да се најде насекаде особено кога сум со семејството. Ме мотивира хуманоста. Денеска се ретки хуманите луѓе. За да бидеш хуман треба да бидеш решителен и да не мислиш на последиците.
Вечерта ја поминувам со моите пријатели или пак со семејството. Сакам да изгледам и филм, а романтичните ми се омилени. Денот секогаш ми завршува различно, но и позитивно.
* Киро Стојов, хуманист