Утринско кафе со Кристина Арнаудова: Да дадам максимум е мојот мотив

Ме буди Матео кој најчесто прв станува, па потоа Максим станува и почнуваат подготовки за училиште. Трчаме низ дома и брзаме сите, утрински хаос кој веројатно секој родител на повеќе од едно дете го знае . 

Потоа Максим и татко му заминуваат, едниот на работа, другиот на училиштр. Јас прво за нив правам сок од мед а потоа за мене лимонов сок и кафе. По кусата игра со Матео, околу 9 доаѓа мојата мајка која се грижи за мојот помал син, а јас одам во Проект Среќа на работа. Првото кафе секогаш го пијам сама на тераса. 

Турско без шеќер


Најпрво сум во канцеларијата на Проект Среќа. Потоа излегувам ако имам средби и состаноци. Околу 15.00 го земам Максим од школо а потоа денот е само за нив, за моето семејство.
Книгите и филмовите се моја медитација. Моментално ја читам „Агонија и екстаза“ од Ирвинг Стоун која е биографија на Микеланџело

Мотив е секој нов ден за мене. Да дадам максимум од себе е мојот мотив.

Бидејќи деновите ми се многу динамични, вечерите сакам да се тивки, со книга или филм. Често се дружиме со нашите пријатели во домашни услови или пак во некоја од дебармаалските кафанчиња или кафулиња.