Утринско кафе со Ксенија Николова: Уживам да тонам во светот на уметноста и креативноста

Првото утринско кафе го пијам најчесто на работа, во мојата продавница за накит „Две Шмизле“. Тогаш ги собирам сите свои мисли и ги правам сите планови за понатаму. Но се разбира, секое утро е различно, а има и такви кои повеќе личат на темна и мрачна ноќ. 

Секојдневните обврски ми се различни, но оние фиксните ми се околу мојата продавница. Се разбира, тука го вклучувам и пишувањето и сите обврски околу истото. Секој ден си носи свои обврски. 

Книга или филм е секогаш на агендата, уживам да тонам во светот на уметноста и креативноста. Ме мотивира животот, малите работи, големи луѓе со големи срца, големи идеи и голема надеж.

Најчесто вечерта ја минувам со најблиските, со добар разговор и убава енергија. Сакам крајот на денот да ми биде исполнет со мир и спокој, да бидам со луѓе кои ме познаваат и пред кои не морам да објаснам кога нешто не е во ред.