Утринско кафе со Лука Пажин: Ме мотивира довербата на клиентите

Порано пиев кафе и најчесто го пиев во канцеларија со колегите или некаде на сонце кога за тоа имав можност, но од неодамна веќе не пијам кафе и најчесто денот го започнувам со спорт во природа. Сфатив дека така денот ми почнува најдобро, а и ми дава дополнителна енергија и сила да го поминам денот најдобро што можам.

Ме мотивира сѐ што е позитивно. Убаво сончево време кое ни прави да имаме повеќе енргија и расположение, зададена задача која ќе биде завршена во рок и со успех, исполнети цели и планови, исполнето работно време, добра тимска работа и добра комуникација, сѐ што ни прави да целиме да направиме повеќе и подобро.

Моите дневни планови и обврски зависат од денот. Препорачувам спорт рано наутро и веднаш после работа. Сфатив дека тоа е најдобрата комбинација за мене. Работниот ден ми почнува од 8 часот. Прво правам планови за денот. Клиентите и нивните потреби ми се на прво место. Изготовка на понуди и изработка на полиси, како и редовни состаноци ми се неизбежен дел од секојдневниот ден. После во текот на денот се посветувам на моите вработени и дали на некој од некоја од филијалите му треба нешто, па следење на нивните резултати во работењето и сл. Всушност од сето тоа се состои мојата работа како Менаџер на скопските филијали. Се трудиме сите наши клиенти да се задоволни од нашите услуги и да ги задржиме како наши клиенти и понатаму. Затоа го давам најдоброто од себе. И во едно сум сигурен и знам, дека довербата на клиентите е непроценлива.

После секој напорен ден на секој му треба малку да се релаксира. Тоа најчесто го правам во друшто на моите најблиски, без разлика дали тоа ќе биде вечера, прошетка, пијачка. Бидејќи без фудбалот не можам, најчесто знаеме и да се собереме и гледаме заедно по некоја утакмица.

Помеѓу книга и филм, би го избрал полесното, а тоа е филм... не сум љубител на серии ама по некој добар филм со задоволство би гледал.

*Лука Пажин - Менаџер на Скопски филијали - сектор за продажба во Кроација Осигурување