Утринско кафе со Маја Кирјас: Енергијата ја црпам од сонцето, водата и природата

Добивај вести на Viber

Речиси секое утринско будење наликува на предходното...ми недостасува “ уште пет минути сон “. Легнувам во доцните ноќни часови бидејки концентрацијата за пишување, читање новини од мојата област или општи теми е токму доцна навечер. Многумина мои пријатели знаат дека речиси никогаш не сум легнала пред 2 наутро, па сум и неретко достапна за лекарска консултација, пријателски разговори со другарките...

Станувам во 7 наутро и со брзо темпо пристигам во мојата матична институција каде работам како лекар–оториноларинголог од 1997 година, Клиниката за оториноларингологија (Клинички Центар) каде по утринскиот стручен состанок го пијам своето прво утринско кафе. Додека одговарам на прашањето се смешкам бидејки доколку прашате моја колешка/колега за моето утро ке ви даде одговор “Maja комуницира по своето прво утринско кафе”. Да, насмевката е на мене, но кафето  неговиот прекрасен мирис ме буди и ме става на стартната позиција.

Започнува мојот работен ден кој е со  брзо темпо, секако врзано со мојот темперамент. Не застанувам и за мене е апсолутно несфатлив поимот “одмарање”. Познато ви е дека имаме 24-часовни дежурства и не паметам кога сум легнала да одмарам по дежурство, напротив денот ми продолжува со бројни активности. И сето тоа ме прави среќна. Доволно ми е добра песна да чујам и да продолжам со активностите.

Мотивите е познато дека се делат на интринзички и екстринзицки. Моите мотиви се исклучиво интринзнички-го работам тоа што милувам да го правам. Мотивацијата да успеам во секоја своја замисла е ЌЕРКА МИ. Можеби токму таа и моето семејство (брат ми и мојата мајка) се тие за кои би направила се да докажам дека МОЖАМ. Верувајте, за мене не постои невозможно. Истото им го посакувам и на читателите-потребна е само желба да се успее.

Среќна сум и со мали нешта. Сакам да гледам успешни луѓе коиј се забележани со својот труд. Сакам да говорам со луѓе кои имаат големи општи познавања, луѓе кои се секогаш позитивни. Едноставно не ми оди комуникацијата со негативно-настроените индивидуи.

Се радувам на сечии успех, неретко емотивно реагирам на успесите со солзи радосници.

Фукционирам исклучиво со потсетник, со задачи и работни обврски кои ги имам за дадениот ден. Покрај клиника каде секојдневно имате прегледи, операции, вршам и научно–истражувачка дејност од областа ноќна апнеа. Пишувам книга-прирачник од истоимената област.

Обврски..од каде ли би почнала. Кога во домот сте и жена и маж тогаш немате многу одвишок време. За време на карантинот едноставно уживав со задачата која си ја дадов сама на себе да ја средам терасата и да ми биде место за релаксација. Ова е една од поубавите работи кои ги споменувам..менување зимски во летни гуми на автомобилот, поправање на сешто по куќата ми претставува истотака задача, но и задоволство. Многумина ке речат ,,побогу постојат мајстори”. Не! Секогаш ќе се обидам сама да го сторам тоа. Твдоглавост или упорност..незнам како би се дефинирала.

Ќерка ми која има 21 година е едноставно постојано со мене. Споделуваме заеднички дневни збиднувања, се смееме, играме на музика, му се радуваме на животот. Тука е и мојата мајка која е добар слушател и дава добри смерници. Понекогаш се прашувам како не толерира, влучувајќи ги нашите “ лудории“. Мојот најголем коректив е брат ми. Живее во Барселона, но утрото ми почнува со негова прекрасна порака за насмеан ден. Нашата поврзаност е огромна.

Слободниот ден ми започнува со утринско кафе на тераса покрај моите цвеќиња и мојата мала фонтана. Смешно кога велам фонтана, но водата која жуборка ми е утрински извор на убава мисла и енергија.

Однапред договорените  средби со другарките се неретко напладне или во вечерните часови. Пријателите се најголемото богатство, секако покрај семејтвото. Заедничките смееења најчесто шеги на своја сметка се незаменливи.

Вечерта ми завршува во раните утрински саати. Тогаш интензивно размислувам за секојдневието. Ќе отворам некоја од социјалните мрежи и воочувам разлики меѓу луѓето. Многу е битно да сте задоволни од себе и да сте среќни. Да ги сакате луѓето и да ги негувате пријателствата. Битно е да сфатиме дека часовник од 3.000 денари и 30.000 евра покажува исто време. Ако возиме возило од 150.000 евра или 5.000 евра должината на патот е иста и на крај доаѓаме до иста дестинација. Без разлика дали ви е куќата 50 или 500 м2, количината на среќата или самотијата е иста. Вистинската среќа не доаѓа од материјалното. Сакајте ги својте блиски..семејството, пријателите, со нив може да се смеете, зборите, пеете....сакајте ги луѓето, сакајте се себе си.

Сакам убава книга..последните кои ги почитав неодамна се од ист автор, кој во здив ги “ голтате“ пишани од познатиот Француски автор Гијом Мисо. Автор кој направи неочекуван, но забележан настап на светската литературна сцена.

Фимови навистина немам време да гледам. Кога имам време бирам полесен, одбегнувам тажни филмови. Се обидувам емотивно да се штедам себеси. Кога сте лекар се соочувате со многу радост, но и тага. Не сум човек кој лесно ја преживува тагата кај луѓето. Токму затоа и одбегнувам тажна книга, тажен филм.

Морам да напоменам дека сакам да патувам. Сакам вода, сонце..едноставно ми даваат прекрасна енергија.

Секако КОВИД ни го промени животот на сите..нашите неколкудневни и чести патувања со ќерка ми сега ги нема. Беа дел од нас. Препознатливи сме по патувањата, уживањето во нови или веќе видени локации, метрополи. Едноставно ги полниме нашите батерии. Бидејки секогаш сум оптимист, наскоро и ова ќе помине и ќе се вратиме сите во колосек.


* Прим Спец Др. Кирјас Маја*