Утринско кафе со Марија Илиќ: Секое лошо искуство е некаква добра лекција

Денот апсолутно без исклучок ми почнува со силно турско кафе. Со оглед на тоа дека живеам сама, првото кафе најчесто го пијам сама. Станувам порано за да уживам во тој мал, но за мене важен ритуал.

Денот апсолутно без исклучок ми почнува со силно турско кафе. Со оглед на тоа дека живеам сама, првото кафе најчесто го пијам сама. Станувам порано за да уживам во тој мал, но за мене важен ритуал. Не сакам да го пијам на брзање и за мене добар почеток на денот е превод за: јас во баде мантил со голема шолја кафе испиена на раат.


Ме мотивираат креативни работни обврски, позитивни луѓе и мислата дека секој ден може да биде посебна приказна ако сами си ја направите заедно со околината која ве опкружува. Во триесеттите научив дека на работа можеби и не можеме ја ги одбереме луѓето кои ќе не опкружуваат но затоа приватно внимателно одбирам со кого ќе го поминам она малку слободно време кое го имам. Во деновите кои и не се розови, знам да си речам „Утре сигурно ќе биде поинаку“ и „Секое лошо искуство е некаква добра лекција“. Не се согласувам дека е онака како морало да биде бидејќи во поголемиот дел од животните ситуации сами си го кроиме животот и си го трасираме патот.

Покрај повеќегодишниот ангажман за сите настани на Моден викенд Скопје како лице за односи со јавност, јас сум дел од тимот на маркетинг секторот на „Подравка“ и мојот работен ден поминува таму. Пролетниот Моден викенд е во првата недела на април и подготовките веќе се во полн ек.


По подолго време премислување, од неодамна конечно почнав да вежбам три пати неделно и да се чувствувам дека правам нешто добро само за себеси • За жал мојот начин на исхрана не е секогаш здрав и цигарите ми се „сладок порок“ па вежбањето е некаква компензација. Вечерите сакам да ги поминувам со блиските пријатели и со луѓето кои ги сакам. Често знам и едноставно да останам дома без шминка и во пижами уште откако ќе се вратам од работа.

Можеби звучи како фраза, но навистина сакам добра книга или добар филм. Оние кои ме познаваат знаат дека читам брзо и кога некоја книга ќе ми се допадне, не ја оставам додека не и ја видам последната корица. Што се однесува до филмовите, ги сакам блокбастерите кои ги полнат кино салите, но омилена ми е европската кинематографија. Домашната продукција на серии е помрдната од мртва точка и сметам дека од минатата година има нешто квалитетно да се погледне. Најчесто си правам домашно кино со филмовите кои ги емитува ТВ „Телма“.