Утринско кафе со Марија Кумбароска: Ме мотивира среќен и задоволен клиент

Executive search consulting and advisory e захтевна професија која дефинира и наметнува  балансиран животен стил, здрав разум, самоконтрола, одлучувачка моќ и бескрекорна комуникација како и секторско знаење, но и добро познавање на економските случувања на европско, па и светско ниво.

Како жена која се идентификува со професијата, денот го започнувам со активно слушање на вести (радио или телевизија, дневен печат), а првото утринско кафе е испиено со колегите додека дебатираме за најновите екомонски, политички и социјални случувања. Мојата работа бара кредибилитет, прецизност, беспрекорна организираност и добро балансирана агенда. Сето ова налага и подразбира висок степен на индивидуалност и креативност, но финалниот продукт е спакуван во долги часови поминати во тимска работа.

До неодамна кога бев Партнер во првата фирма за која работев 8 години, на моја иницијатива имавме пилатес вежби помеѓу 8:30 и 9:30 часот двапати неделно. Но, со зоголемените обврски и новата позиција во реномираната Eric Salmon & Partners се почесто се одлучувам да ја посетам салата за вежбање по завршување на работното време.  А во текот на работните саати конзумирам многу овошје, вода и позитивна енергија (се смее).

Најголема мотивација добивам од мојата фамилија која секогаш била со мене и ме поддржувала во сите мои успеси и падови. Професионално, ме мотивира среќен и задоволен клиент, но и тимот со кој работам ме прави уште поамбициозна и ми дава енергија за понатамошно подобрување и усовршување како изградена личност со кредибилитет која советува Борд на Директори и C-level менаџмент за долгорочна стратегија на човечки ресурси.

Уште во почеток на мојата кариера пред 10 години, главната инспирација добивав од истажувачкиот дух, комплексноста, одговорноста, човечката психологија и јасно дефинирани процеси врз кои се базира Executive search професијата. Со мојата упорност и долги часови поминати во анализирање, следење и спознавање на сектори, индустрии и организации бев унапредена во Операциски Директор (Head of Operations) за после 4 години да еволуирам во Партнер. Денес работам со внимателно селектиран тим на многу посложени проекти не само во доменот на човечки ресурси туку и во поширокото организациско однесување, лидерско однесување и перформанси на менаџерски тимови и одбори на директори.

Во текот на моето работно искуство успеав да создадам и одржам мрежа на влијателни личности, кандидати и decisionmakers која секојдневно ми овозможува да бидам веродостоен советник на топ менаџмент за долгорочна стратегија за развој на човечкиот капитал.

Многу често и активно интервјуирам кандидати и пишувам извештаи базирани на психолошки анализи врз база на кои евоцираме состаноци и продуцираме извештаи кои најрелано и веродостојно ја прикажуваат адекватноста на функционирање на одредени личности, но и организации во дефинирано време и околности.

Дел од своето време го посветувам на брифинзи и развивање на нов бизнис. Желбата и пасијата за подобрување на работењето и продуктивноста на организации, но и моќта на обезбедување на подобри работни позиции за одредени кандидати, се главен двигател на мојот успех во доменот на Executive search.  Од друга страна, женската интуиција и остро развиени сетила за емпатија, емоција и soft skills високо доминираат во денешниот општествен и економски свет. Сето ова ми дава уште повеќе самодоверба да придонесам за подобра работна средина.

Ако не посетувам некој networking event, често сакам да се релаксирам во домашна атомсфера со чаша добро вино и вкусна домашно припремена вечера. Executive search е стил на живот кој бара посветеност и време, многу деловни патувања, вечери, ивенти, бара присутност и времето поминато со најблиските и позитивни луѓе ми ја дава потребната енергија која ме прави подобра и поуспешна.

Ја љубам уметноста во секоја нејзина форма, па често посетувам изложби, одам во театар, на опера, неретко може да посетам и некој фестивал како Tomorrowland.

Себеси се дефинирам како доста конзервативна личност која успеала да ги прошири видиците и границите, но да остане веродостојна на основните човечки вредности и земјата од која доаѓа.Многу ретко наоѓам време за активно следење на телевизиски серии или филмови. Претпочитам добра книга. Од стручна литература би ја издвоила Nonviolent communication на Росенберг. Последна книга која ми остави впецаток е „Шпионка“ на Пауло Коелјо, Outliers на Малком Гладвел, а во момемтов ја читам „Уметноста на Љубовта“ од Ерих Фром.

* Марија Кумбароска - Executive search consulting and advisory (Eric Salmon & Partners)