Утринско кафе со Марија Василевска: Ме мотивираат видливите резултати од мојата работа
Во текот на работната недела денот ми почнува со колегите во Центарот за социјални иновации Блинк 42-21. Заедно го пиеме утринското кафе/чај разговараме за случувањата од претходниот ден и правиме координација за активностите кои не очекуваат во текот на денот. Деновиве секојдневна тема на разговор ни е еден настан -HACKATHON for Immersive Storytelling for cultural heritage кој го организираме на 05 и 06 април во Скопје.
Во текот на викендот првото утринско кафе го пијам со семејството и пријателите на сонце, со пријатен и маратонски разговор .
Видливите резултати од мојата работа, конкретни промени кои ги правиме со
дигиталните алатки кои ги развиваме , како пример со мЗаедница ме мотивираат.
Убаво е чувството кога ќе видите дека алатките на кои сте работеле со тимот ги
користат вашите пријатели, но не затоа што се ваши пријатели туку затоа што ја
гледаат користа и вредноста на истите. Дополнително ме мотивираат долгите
разговори со моите пријатели и семејството, низата на обуките кои тековно ги
посетувам и докторските студии.
Моите дневни обрски се поврзани со проектите кои ги реализираме во Центарот
за социјални иновации Блинк 42-21, соработката со различни партнери, планирање
на идни проекти и секако следење на светските трендови за дигитализација и како
истите можеме да ги прилагодиме за нашата земја. Тековно следам и неколку обуки
по работното време како и предавањата за докторските студии на кои се запишав
неоддамна, така што работниот ден ми трае секогаш повеќе од осум часа. Во
листата на дневни планови ми се вклучени и преглед на дневните случувања на
национално и интернационално ниво и ручек со семејството.
На крајот на денот сакам да направам план за што треба да се заврши
наредниот ден, да прошетам и да сумирам што се случило во текот на денот. Денот
го завршувам со Facebook разговор со другарките на релација
Амстердам-Барселона- Скопје и со вежбање дома.
Обожавам да читам книги. Најсреќна сум кога на подарок ќе добијам книга, па
и кога одбирам подарок првата опција е секогаш книга. Иако имам долга листа на непрочитани книги
поради работните обврски, но сепак читањето на книги секогаш ме мотивира и
релаксира.
(*Марија Василевска, Проектен Менаџер во Центарот за социјални иновации Блинк 42-21)