Утринско кафе со Марио Јелиќ-Кун: Вечерта ми завршува со мојата понежна половина

Првото кафе го пијам сам, дома и секогаш е проследено со гласна музика.

Ме мотивира желбата за повеќе, како и позитивните реакции од луѓето. Толку брзо се случува сѐ што не можам ни да си го испланирам времето, буквално се тркам со него. Во принцип обврските се поврзани со музика, дали во студио, дали на настап, дали интервју или пак некаков бизнис план.

Вечерта ми завршува во друштво на моите најблиски пријатели или со мојата понежна половина.

Гледам филмови, а книгата сметам дека е важна работа, особено за артист, но краток сум со нервите, така што гледање филм ми е поедноставно.

(Марио Јелиќ- „Кун“ - член на „Два Бона“)