Утринско кафе со Мартин Мојсоски: Секогаш наоѓам начин обврската да ја компензирам со уживање
Денот ми започнува со благодарност и позитивна вибрација, тренинг и должност за јако утринско кафе со кое ја будам мојата девојка и заедно го пиеме.
Она што ме мотивира е сознанието дека сме креатори на сопствената реалност. Ме мотивираат сите критики, ме мотивира личниот успех , но и успехот на сите околу мене. Ме мотивираат позитивни, насмеани луѓе. Ме мотивира исполнет и продуктивен ден!
Поради динамиката на мојата работа постојано патувам во и надвор од државава. Иако тие патувања може да бидат исцрпувачки, секогаш наоѓам начин обврската да ја компензирам со уживање. Покрај секојдневните работните обврски, одвојувам време за себе и за најблсиките. Задолжително, барем еден оброк во текот на денот го минувам со луѓето кои ги сакам.
Секој ден ми завршува исполнето и со многу љубов. Навечер одбирам да уживам и да се релаксирам со добар филм или серија, со чаша добро вино или виски , а некогаш заспивам пред ова сѐ. (Се смее).
Сакам и книги и филмови. Секогаш наоѓам време да ја прочитам книгата која ме заинтригирала ,а омилен начин за да изгледам филм ми е во кино со начос.
*Мартин Мојсоски - Доктор по општа и естетска медицина