Утринско кафе со Мартин Трајановски: Работам на баланс помеѓу работата и приватниот живот

Се обидувам да најдам еден одговор којшто би го застапувал динамичниот начин на живот којшто мојата професија и начин на живот го наметнуваат, но многу ретко започнувањето на денот е ист како претходниот. Некогаш денот го започнувам со силно пуштена музика во 7 часот сабајле, некогаш сакам да седнам на „YouTube“ и да си пуштам некое мотивациско видео и во целосна тишина да го испијам првото утринско кафе. А исто така пак, од друга страна, многу често денот ми започнува со брзо и кратко подготвување за излез од дома и упатување кон студио или локација и започнување на ангажманот којшто бил планиран за тој ден. Сѐ е до денот и расположението и секако обемот на обврски коишто се планирани за тој ден.

Ох, ова прашање може да се „разчлени” на повеќе одговори, но сигурно би е задржал на следниве два: Од една страна, ме мотивираат успешни луѓе и нивните, често, несекојдневни успешни приказни и од друга страна, дефинитивно ме мотивираат неправди. Од секогаш, дури и кога бев помал, целосно ми била разбирлива и очекуваната рекацијата на луѓето кога ќе се најдат во ситуација на неправда, но никогаш не разбрав како истите тие одбираат да останат во ситација која им носи исклучиво негативни влијанија и негативни одлуки, пропратени со неправдата којашто им се случила или било каква негативна стуација којшто може да се случи. Во тој случај, за жал веќе зборуваме за свесен избор. Мислам дека луѓето во таквите моменти не ја разбираат сопствената моќ на менувањето на перцепцијата за зададена ситуација и „менувањето на каналот” како клучен излез на успешен начин од некоја дадена ситација.

Дефинитивно, тоа е одговор којшто знам дека секогаш би го дал на ова прашање, но нешто на коешто сум особено горд во последниве неколку години е тоа што „научив” дека не секогаш треба да бараме мотивација во другите луѓе или постапките на другите луѓе (затоашто не секогаш и би ја нашле истата толку лесно и толку „едноставно”), баш напротив, мислам дека нивото на мотивираност од самите себе и сопствениот ум и мисли, се нешто коешто е мислам дека не може да биде заменето од било каков друг облик на мотивираност.

Работа, работа и само работа (се смее). Луѓето знаат колку уживам во мојата работа неважно дали е поврзана со фотографирање на некаква голема кампања или можеби креирање на еден Инстаграм пост, а тоа резултира со многу лесна и несвесна дистанцираност од „целиот свет” и фокусирање исклучиво само на работата, што секако е далеку од најправилниот начин на фукционирање. Но, во моја одбрана, со почетокот на оваа година и сплет на неколку приватни ситуации, работам целосно на случајот: баланс помеѓу работата и приватниот живот.

Ова прашање доколку ми се поставува 7 пати во неделата, ве убедувам дека ќе добиете минимум 7 различни одговори, ако не и повеќе (се смее).

Доколку, денот е хаотичен и можеби се едитираат неколку кампањи одеднаш, шансите да ја завршам вечерта пред компјутер и следното утре да го започнам на истиот начин се многу големи! (се смее). А некогаш се случува и да не почувствувам дека вечерта поминала и веќе започнал нов ден. „Yap“, и тоа се случува.
Но секако, на крај од денот, по сите обврски и ангажмани во текот на денот или неделата, секако дека уживам и целам денот да ми заврши во друштво на моите пријатели.

Филм, но уште по конкретно - серија! Секогаш и засекогаш! Се сметам себе си за целосно аудитивно-визуелен тип, па одговорот на прашањето некако многу лочино се наметнува. Жал ми е што не сум тип што може да седне и да прочита книга во еден здив со целосно внимание на тематиката, но позитивната страна на се ова е тоа што живееме во време кадешто аудио книгите се совршено решение или алтернатива за „читање” на книга на начин којшто целосно ви одговара, а истовремено ви помага вниамнието да ви остане точно таму кадешто треба.

(*Мартин Трајановски- моден фотограф)