Утринско кафе со Маша Самсоненко: Музиката ме инспирира и ме прави среќна

На почеток на денот прво си правам план и си пишувам што треба да завршам. Потоа ми почнуваат онлајншколскитечасови. Сабајле правам доручек и сама го пијам првото утринско кафе.

Ме мотивира тоа што сакам да вложувам труд во се.Кога се трудам било што да направам, се чувствувам исполнета. Моето мото е дека секој ден треба да се прави нешто што ќе ме направи подобар човек или ќе ме доближи таму каде што сакам да бидам.

Моите дневни планови се онлајн часовите, вежбање, часови по клавир или пеење и секако време за одмор. Карантинот направи да стекнам добри навики и научив да се хранам здраво.

Може да се каже скоро цел ден поминувам со музиката. Секој ден имам или час по пеење или по клавир. Исто така постојано го вежбам гласот и пеам. Би сакала да се занимавам со музиката цел живот, бидејки таа ме инспирира и ме прави среќна.. Се радувам што ја промовирав мојата прва песна „ Дали ти ќе дознаеш“. Супер си поминав на снимањето со авторите Лазар Цветкоски и Панче Касапски. Исто така беше многу интересно и весело и на снимањето на спотот со Даниел Јовески и со сите што помогнаа. Тоа беше големо и убаво искуство за мене.

Се гледам често со пријателите. Исто така се обидувам да вежбам четири или пет пати во неделата. Преку недела, навечер обично седам со моите родители и пијам чај. А за викенд вечерта ја поминувам со пријатели.

Лани прочитав многу и  преубави книги. Ако треба да бирам би одбрала да читам книга, отколку да гледам филм. Имам едно куче, се вика Мајло. Сите од семејството го сакаме многу и по цели денови се дружиме со него.Претходната година ми покажа дека најбитното е да се моите најблиски луѓе здрави и тоа е нешто што си го посакувам секојдневно.

(*Маша Самсоненко- пејачка)