Утринско кафе со Миа Костова: Дишам длабоко и завршувам по десет обврски на ден

Денот ми почнува во облекување јакна врз пижами и носење дете во училиште. Кога ќе се вратам дома стартува ритуалот- „утро е“. Секогаш пијам кафе сама во тишина и нормално на Инстаграм за да видам што има ново и што ќе правам денес. 


Има денови кога ама баш ништо не ме мотивира па знам да се вратам во кревет и буквално да го одлежам цел ден благодарение на работата што во моментов си ја обожавам. Некогаш пак имам толку силна мотивација што се спремам два саати да излезам. Дишам длабоко и завршувам понекогаш и 10 обврски во текот на денот. 

Дневните обврски кај мене зависат од мене. Најчесто тоа е сликање, снимање, или ден кој си го поминувам со мојата многубројна екипа на Инста. 

Денот ми завршува најчесто со обврските кон Андрија па со чаша вино сама со себе. Уживам сѐ повеќе во тишина. Изгледа сум остарела. Во последно време некако немам време за филм и серија, а порано многу гледав. Заради брзото темпо заспивам на третата реченица на читање книга. Па така читам повеќе на плажа или кога одам некаде.


* Миа Костова - дипломиран менаџер по односи со јавност, водителка на естрадниот магазин „Бекстејџ“