Утринско кафе со Мила Арсовска: Вода + тренинг за будење па потоа кафе сама со себе

Денот ми почнува прво со Вода + тренинг со тегови кој трае еден час на Високи интервали кои го збрзуваат срцето и согоруваат сѐ што треба да се исчисти.

Само така се будам, тоа ми креира фокус и мојата позната широка насмевка е на место, дури после тоа го пијам моето кафе сама со себе.

Мојата професија е работа со луѓе и прифаќање на различни енергии така да најубаво ми е сама со себе во свој мир пред да се изложам на било што.


Генерално сум многу среќна и многу благодарна на животот, мозокот не ми запира и претежно наоѓам инспирација во уметност, природа, музика и приказни од создавачи.

Сакам да сум зафатена и да имам обврски.

Освен домашните обврски, работните часови ми се 18ч или сум на местото на работата или на лаптоп одговарам мејлови со консултации.

Имам компанија наречена Fashion Group која во последно време застапува креатори на изглед и сме претежно на настани каде работиме со коса и шминка на премногу забавни карактери и создавачи (поголемата инспирација таму ја црпам).

Во последните 22 години работев претежно во Салон и пред/зад камера, сега веќе сум концентрирана на поголеми проекти. 

Работам со коса и шминка во последните 22 години и плус советник на бизнис во истата индустрија. Претежно работам на снимања и фотосесии со луѓе од сектор музика, филм и видео записи-реклами.

Во последно време сум ангажирана и како бренд амбасадор за професионални ножици за коса. И лично се грижам за неколку познати личности од музичката индустрија овде во Америка. Преку недела работам како колорист.

Секој ден ми е различен. Некогаш одам под туш и спијам. Некогаш денот ми завршува кога немам енергија да отклучам врата од дома (се смее). Некогаш со партнерот само медитираме (мое ново хоби кое ми дава мирен мозок и фокус) и топла када со „epsom salt“.

Ретко вклуччувам телевизор а кога го правам тоа обично е за  YouTube fitness class или некој документарец на Gaia.

Претежно кога гледам филм наместо да ја следам содржината, јас се фокусирам на изгледот, шминката, косата, костимот, професијата ми го има направено тоа (се смее).

Книгата што ја читам пред моментално спиење е „A Course in miracles by foundation for inner peace“.


*Мила Арсовска - Стилист за коса и шминка во Америка