Утринско кафе со Милена Лунеска: Пишувањето е израз на чувства

Бидејќи сум многу позитивна особа, утрото ме сака и затоа ме пречекува со радост. Се поздравуваме, разменуваме мисли и спремни му се препуштаме на новиот ден. Животот сѐ повеќе и подолго ме носи кон Белград, па кога сум таму првото кафе го пијам со мојот тригодишен внук Давид. Иако е задоцнето, не ми пречи. Го чекам да поруча и заедно да пиеме.. Ме копира и се внесува целосно во тој ритуал. Има своја шолја, па тој бело кафе, а јас црно! Во Кичево, првото кафе е со мојата комшивка Марина. Триесет години комшии, во зграда!

Кога сум во Белград, плановите и обрските се однапред познати. Голем град, брз ритам на живеење.. Сите мои дневни планови, обврски се поврзани со секојдневието на моите два сина кои имаат успешни кариери во познати странски фирми. Постариот е женет и нормално приоритетот е внукот! Но, за среќа има таму многу места каде плановите се посветени и на прошетки, театар и се разбира на убава дружба во многубројните ресторани.

Се разбира на прво место мотивацијата е семејството, па после работата! Пишувањето е израз на чувства. Изразување со зборови на внатрешната емотивност!

Вечерта ја минувам со сопругот. Разговараме,  споделуваме размислувања, планираме заедно.. А, денот ми завршува со добар филм! Кај мене постои голема желба и за читање книга и за гледање филм. Немам судир во одлуката што да биде прво или поважно. Читам книги попладне, кога моќта на размислување ми е сѐ уште свежа, да речам будна, а кога мислите ми стануваат пасивни, малку подзаморени и сонливи, гледам филм!

* Милена Лунеска, писателка