Утринско кафе со Мирјана Јосифоска: Желбата да дизајнирам ме мотивира секојдневно

Денот ми започнува со читање на модни вести и на дневните задачи, кои сум ги запишала претходната вечер. Понекогаш знам и да медитирам. Првото утринско кафе го пијам сама. 

Веројатно желбата да создавам/ дизајнирам, како и тоа да оставам нешто, некој траг, ме мотовира секојдневно. 

Бидејќи сè уште сум студент, моите дневни планови и обврски се следниве: после пиење на првото утринско кафе, следам онлајн настава од факултет или пак се подготвувам за испити ако станува збор за испитна сесија. После тоа, одам во моето студио. Таму цртам илустрации, работам на дизајни, цртам шаблони, шијам и други дизајнерски работи. После тоа, знам мал дел од времето да посветам на социјалните мрежи на брендот. 

Денот најчесто ми завршува со готвење на вечера, слушање на музика или пак учење на некој онлајн курс од областа на модата и дизајнот. Повеќе сакам да читам книги.


(* Мирјана Јосифоска- моден дизајнер)