Утринско кафе со Миро Кацаров: Расположението ми ги насочува плановите

Се будам во 6 и 30, се туширам и се спремам до 7 и 20:)) Излегувам одма од дома да не ме фати турканица во Скопје и нормално да најдам паркинг. Не пијам кафе и не пушам, па поради тоа во 8 го пијам првиот чај со млеко со колегите и веќе започнуваат работни обврски.Моментално сум дел од ТБМ групацијата од Чешка, која има канцеларии во Скопје, каде сум проект менаџер.Но, морам да напоменам не сум утрински човек, ми се случува до 10 уста да не отворам:-).

Ме мотивира најмногу здравјето, моето и на мојата фамилија, па после се друго. Кога знам дека сѐ е ок јас можам и Монт Еверст да го освојам без дополнителна опрема:)) И да бидам искрен, вербата и љубовта во бога ме мотивира, сѐ повеќе и повеќе како созревам.Тоа се моите двигатели во животот каде и да сум.


Плановите ми зависат секој пат од расположението, односно тоа во каков муд сум, како што би рекле енглезиве:)) Кога има сонце ме има и мене насекаде, кога нема, се трудам слободното време повеќе да го поминам во теретана и во друштво на најблиските.Освен работата која е многу сериозна и ми одзема голем дел од денот,  како обврска пред граѓаните и ми е да ја извршувам чесно и транспарентно функцијата Потпретседател на Либерално - Демократската партија во Штип и Портпарол на државно ниво.Така денот е исполнет максимално со обврски и планови за подобар живот:-)

Ми завршува во кревет, уморен од тренинг каде сите мускули ме болат вообичаено, потоа ги гледам сите вести на сите канали македонски, па пуштам серија или филм и заспивам на пола, нормално:)). Вечерта сакам да ја поминам со другарите, пријателите, но знам и најчесто да ја завршам со една личност која ми значи многу.

Со оглед на тоа дека потекнувам од семејство во кое татко ми е писател,есеист, драматург, јас би избрал книга, бидејќи сакам да читам, а воедно и пораснав меѓу нив и со нив.

*Миро Кацаров, потпретседател на Либерално - Демократската партија во Штип и портпарол на државно ниво