Утринско кафе со Мите Занов: Бегство од реалноста наоѓам во гледање на добар филм

Секое утро ми започнува со благо турско кафе со млеко и добра музика. Претпочитам првото кафе да го пијам сам, со цел да се фокусирам на тековните обврски.

Ме мотивираат успешно реализирани работни проекти, задоволни клиенти и насмеани лица.

Секој ден обврските се различни, но сепак вклучуваат посветеност на работното место и услуга на клиенти. Периодов сум сосредоточен на маркетинг и презентација на актуелната колекција “FEMME” наменета за сезоната есен зима 20-21.

Вечерта ми завршува со музика, топол чај или салеп. Всушност, музиката ми го исполнува секој дел од денот. Исто така, вечерите ги посветувам на одмор и дружење со блиските (најчесто преку телефонски разговор).

Сакам да читам и сум љубител на филмската уметност. Но, поради секојдневните обврски и уморот, бегство од реалноста наоѓам во гледање на добар филм, по можност драма, комедија или фантазија.


(*Мите Занов- моден дизајнер)