Утринско кафе со Моника Митревска: Место јас филмот, филмот мене ме гледа

Во принцип сум ранобудник, првото кафе го пијам сама или со мајка ми, дома и во тишина. Најголема шолја слатко турско кафе, незаменлив мирис и вкус.

Ме мотивира природа, планина , но најголем мотиватор ми е Охрид. Таму дефинитивно ги полам батериите, ми се опушта умот и ми се развиваат идеите. 


Со оглед на тоа што немам работно време, по утринското кафе се спремам за излегување од домот и за состаноците кои ми се испланирани претходно. За време на подготовките на „Охрид фест“ денот неретко ми е краток и секогаш велам дека уште еден час би ми бил доволен можеби. Организацијата трае речиси цела година па така секојдневно имам обврски кои што треба да ги завршам. Меѓутоа нашите состаноци ни приближно не наликуваат на оние деловните, нашите е опуштени, секогаш во пријатно друштво исполнети со многу хумор. 

На крајот на работните денови сакам и практикувам да го поминам во домот со семејството, а додека викендите навечер ги поминувам со пријателите на чаша добро вино зачинето со добар муабет. 

Сакам книга, книга и само добра книга. Со филмовите некако не сум во добри односи, по десетина минути заспивам и ги менуваме улогите, место јас филмот, филмот мене ме гледа.

* Моника Митревска, лице за односи со јавност на фестивалот „Охрид фест“