Утринско кафе со Моника Муличковска: Ме мотивираат позитивни и успешни луѓе
Ме мотивираат позитивни и успешни луѓе. Моите цели се најголемата мотивација за мене. Сакам кога ми е исполнет денот, посебно сум мотивирана кога ќе ги завршам успешно поставените цели.
Се будам во 8 и пол, и денот ми започнува во Project Fit теретана. Се туширам и во 10 и пол го пијам моето прво утринско кафе на работа. Викендите утринското кафе го пијам дома, завиткана во ќебе и со добра серија.
Ме мотивираат позитивни и успешни луѓе. Моите цели се најголемата мотивација за мене. Сакам кога ми е исполнет денот, посебно сум мотивирана кога ќе ги завршам успешно поставените цели. Продуктивноста ми е тоа што ме води напред. Работам на себе и на духовен план и посебно ме мотивираат сопствените резултати. Сѐ повеќе сум своја, нема подобро чувство.
Како фотограф мотивација ми е околината и целиот надворешен свет. Успех за мене е кога еден дел од надворешниот универзум успешно ќе го канализирам преку мојата гледна точка и ќе го прикажам тоа со фотографија која комуницира со јавноста.
Фан сум на аудиовизуелните уметности, затоа во своето слободно време преферирам добар филм или серија.