Утринско кафе со Наталина Синдилиева: Главна мотивација се моите соништа

Утрото ми е еден од најважните моменти кои што ги имам само за себе. Бидејќи живеам сама најчесто првото утринско кафе го пијам сама со себе . За да ми тргне денот како што треба многу сакам да си ги запазам утринските ритуали, кога станувам одма си пуштам музика па си подготвувам чај па потоа доручек и на крај кафе.


Да бидам искрена пробувам да се мотивирам сама со себе, односно уште од мала имам високи цели за тоа што треба да постигнам и направам па мислам дека главната мотивација се моите соништа и тоа што сакам да остварам и постигнам.


Бидејќи сум инструктор за танц на шипка, јога, “aerial hoop“ најчесто времето го поминувам во студиото каде што и држам часови во Pole People Skopje. Кога не сум во студио и кога имам слободно време многу сакам да шетам и патувам. Во Скопје обожавам да се шетам во парк и да пешачам на Водно и доста често знам да одам за викенди во Маврово. Маврово ми е како втор дом.


Навечер кога сум сама многу сакам да си гледам филмови или пак да си пуштам некоја серија. Се случува да бидам и со неколку другарки па со вино и муабет да си ја завршам вечерта.


Секогаш сум сакала повеќе да гледам филмови отколку да читам книги, со филмовите многу полесно можам да се соживеам со приказната. Но, во последно време сакам  да читам и книги посебно ќе ја издвојам „Sapiens“ која што ми ја врати желбата за читање книги.


(*Наталина Синдилиева - Инструкторка за фитнес на шипка, јога, “aerial hoop“)