Утринско кафе со Нина Јанева: Секојдневно ме мотивира љубовта
Првото утринско кафе го пијам со мојот вереник Александар. Доколку е излезен рано го пијам сама со серија и уште еден порок (се смее). Најчесто, почетокот на денот ми е слободен. Планираме промени во домот, па сум преокупирана со ентериерни решенија како пасивен љубител на дизајнот. Подоцна, обично излегувам за состаноци и средби и приватно и службено.
Секојдневно ме мотивира љубовта. Секогаш е на прво место, па неколку празни, па личниот успех и усовршување.
Нина со вереникот Александар
Навечер сме заедно со Александар, најчесто по дома со некој филм или со друштво. Честопати знае тоа да биде и дружба надвор од дома, освен во деновите кога имам настапи.
Со сестра ѝ Тамара
Обожавам да читам, го правам тоа од мала, иако денес не толку често колку што би сакала. Следам петнаесеттина серии, нонстоп нови филмови, па тоа ми е и средство за заспивање кога сум преморена да читам.
Јанева со сестра ѝ Тамара и со Надја, старосватицата од Црна Гора