Утринско кафе со Рената Младеновска: Има стресни и денови кои ми се чинат долги, но во суштина после работа не сум уморна, туку исполнета

Мојот ден обично започнува во 06:30. За работа се подготвувам навечер пред спиење па затоа наутро ми требаат само 30-тина минути да се подготвам и излезам од дома.
На работа сум во 7 и 30 и тука сама го пијам првото кафе, а со работниот ден  започнувам во 8 часот. 

Ме мотивира работата и задоволствотo што ми го пружаат среќните и задоволни клиенти, јас сум една од оние што работата им дава задоволство и одам на работа среќна. Да има стресни и денови кои ми се чинат долги, но во суштина јас после работа не сум уморна, туку сум исполнета. 

Во текот на денот имам од 6 до 9 часа тренинзи, утринските часови секогаш ми се резервирани за работа со клиенти, персонални тренинзи, пилатес реформер.
А, во попладневните часови имам и групни тренинзи и тренинзи во фитнесот.
Имам флексибилност на работното место и доаѓам тогаш кога имам тренинзи, што значи на работа сум од 6 до 8 часа, но има и денови кога сум и по 12 часа.
Деновите ми се различни, некогаш завршувам со работа во 20:00, а некогаш во 18:00, но секогаш слободното време го поминувам со најблиските. 

Вечерите ги користам да припремам се‘ што ми е потребно за утрешниот ден за да не ми биде во брзање утрото, 70% од деновите легнувам во 23 часот, пуштам подкаст и заспивам слушајќи го. И немам проблем со станување рано наутро, а мислев дека не сум morning person се додека не почнав да станувам порано и тогаш сфатав дека мене всушност ми е потешко да станам во 09 часот отколку во 06. 

Многу сакам да читам книга, но секако сум љубител и на добар филм, особено ако е нешто едукативно и со убава порака, за серии не сум затоа што немам самоконтрола за да изгледам само една епизода. 


* Рената Младеновска - личен тренер*